(ВИДЕО) Вечера за утеха која лекува од напорниот ден: Лазања од леб готова за 15. минути!

Утешна вечера со која се завршува стресен и напорен ден…
Потребно е: 3 јајца, 300 г ситно сирење, 30 мл масло, 200 мл јогурт, 1/2 кесичка прашок за печиво, малку сол, кришки тост леб, 200 г кашкавал, оригано, шунка
Подготовка: изматете ги јајцата, сирењето маслото, печивото, јогуртот и малку сол. Во таа смеса натопувајте ја секоја кришка леб па редете во огноотпорна тава. Кога ќе го покриете дното наредете листови шунка, а врз нив кашкавал. Потоа ставете втор слој леб натопен во смесата со јајца и сирење, па наредете кашкавал и истурете ја останатата смеса од јајца и сирење. Наросете со оригано и ставете во рерна загреана на 200 степени, Печете околу 15. минути.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес (петок) обилни врнежи од дожд, силен јужен ветер и локално невреме!

Метео прогноза на Славчо Попоски: Под влијание на веќе споменатата циклонска активност која е со …