(ВИДЕО) Брзи пирошки со сирење од тесто кое не впива ниту капка масло!

Однадвор крцкаат, одвнатре се меки и многу вкусни…
Состојки: 200 г пченкарно брашно, 400 г пченично брашно, 100 мл млака вода, 150 мл јогурт на собна температура, 1 лажичка шеќер, 2 лажички сол,10 г прашок за печиво, 1/3 свеж квасец (околу 15. г), 200 г сирење, 2 јајца, 200 – 300 мл масло за пржење.
Подготовка:измешајте ги двата вида брашно, додајте печиво и сол и се’ заедно измешајте. Во 100 мл млака вода растворете ги шеќерот и квасецот. Додајте 2 јајца, 150 мл јогурт и 200 г изронето сирење. Измешајте, се убаво соединете па полека додавајте од смесата со брашно, мешајте со лажица, додека можете, потоа тестото префрлете го на работна површина наросена со брашно и убаво измесете. Не мора долго да се меси, само додека тестото престане да се лепи за рацете. Обликувајте, покријте со крпа и оставете на топло да стасува околу 20. минути.
Работна површина намачкајте со масло. После стасувањето тестото не го премесувајте туку само префрлете на работната површина и со намрсена рака нежно притискајте па со сукало обликувајте во правоаголник на дебелина од 1,5 – 2 см. Сечете ленти со ширина од 2 см, а должина по ваша желба.
Во соодветен сад ставете маслото да се загрева. пржете ги пирошките од двете страни, додека убаво не поцрвенат па вадете ги на кујнска хартија и служете со прилог по желба.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Бимилк на „Генералка викенд“ – за почиста животна средина во Битола

Бимилк се вклучи во најмасовната еко акција „Генералка викенд“. Повеќе од 110 вработени на Битолска …