(ВИДЕО) Вака тресело во Хрватска: Сеизмолошката служба објавила видео кое ги покажува земјотресите кај Петриња!

Сеизмолошката служба на Република Хрватска, оддел за геофизика од Факултетот за наука во Загреб, објавил видео во кое се прикажани сите земјотреси што се случија околу Петриња минатиот понеделник и вторник.
Во описот на видеото се вели дека на 28. декември 2020. година, во 6. часот и 28. минути, се случил силен земјотрес со јачина од 5. степени со епицентар кај Петриња.
Истиот ден следеле уште неколку силни земјотреси, а следниот ден, на 29. декември 2020 година, во 12. часот и 19. минути, областа околу Петриња била погодена од разорен земјотрес со јачина од 6,2 степени, кој бил проследен со бројни последователни земјотреси.


Видеото ги прикажува епицентрите на сите анализирани земјотреси што се случија на 28. и 29. декември 2020. година. Круговите се пропорционални на јачината на земјотресот.

Фото: Скриншот/


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден прославува нашиот познат оперски пејач Благој Нацоски

Благој Нацоски е роден на 18 мај 1979 година во Скопје. Тој е познат македонски …