Диане Бишоп од Канада, која има рак на дојка, добила 1,5 милиони долари на Лото, а освен тоа, хемотерапијата конечно почнала да и делува па и’ здравјето и се подобрило.
Иако има рак од четврти стдиум, Диане Бишоп била присилена да работи бидејќи не можела да ги покрива медицинските трошоци. После пишувањето на локалните медиуми одбила помош од други луѓе, но одлучила да заигра Лото и добила џекпот, пишува CBS.
Тие пари ги искористила да ја исплати хипотеката, да се погрижи за себе и за двата сина, но дел и’ да уплати во борбата против ракот. Сега повеќе не мора да работи, и вели, ќе умре среќна.
„Ова е единствена хемотерапија која досега ми помогна. Некои од туморите ми се намалија“ открила Бишоп. Иако и понатаму е неизлечиво болна, среќна е што повеќе нема да мора да работи, се чувствува подобро, а ќе има и’ време за семејството.
„Добив што сакав. Можам да умрам среќна, но сеуште не е време за тоа“ заклучила Диане Бишоп.