(ВИДЕО+ФОТО) Погледнете како изгледа капутот за кој Меланија Трамп дала 10.000 евра

Меланија Трамп го придружувала својот сопруг при службеното запалување на божичните сијалички на елката во непосредна близина на Белата куќа, а сите очи биле вперени во неа, поточно во тоа што го облекла.


Првата дама на Америка против ладното се борела со топол капут со потпис на Шанел, од годинешната Pre-Fall колекција. Цената за обичните смртници е жешки 10.000 евра. Но, тоа не е конечната цена на аутфитот на Меланија бидејќи носела штикли од Christian Louboutin.
Црвениот кариран капут сепак не е нешто најскапото што го носела. Тешко е да се заборави цветното палто на Dolce & Gabbane кое го носела минатото лето а чија цена е „вртоглави“ 46.700 евра. Тогаш ја нападнале дека многу троши,но со оглед на тоа дека во меѓувреме на Америка и станала многу помила денес ја прогласуваат за модна икона.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнуваат Светите маченици Ермил и Стратоник

Светите маченици Ермил и Стратоник се христијански светители и маченици од 4 век, познати по …