(ВИДЕО) Турнала девојче од мостот и скоро ја убила: Сега оди во затвор на 2.дена!!

САД: Тејлор Смит (19) се договорила и ја признала вината. Осудена е на два дена затвор и 38. дена општествено корисна работа. Таа на 7. август минатата година ја турнала пријателката (16) од 18. метри висок мост.
Девојка (19) која на суд признала дека на 7. август минатата година турнала 16. годишна пријателка од мост висок 18. метри над Мултон водопадите на реката Луис во градот Јакол во Вашингтон (САД) се расплакала во судницата откако ја слушнала пресудата. Имено,
осудена е на два дена затвор и 38. дена општествено корисна работа, јавува Daily Mail.
Судијата при изрекувањето на пресудата, во средата, рекол дека на 19. годишната Тејлор Смит и треба малку затвор со оглед на сериозните повреди со кои се здобила Џордан Холгерсон. Тејлор Смит порано овој месец ја признала вината според договорот кој го направила со обвинителството.

https://youtu.be/hxoxwM6-2Fk


Видеото кое е објавено на Јутјуб јасно покажува како Холгерсон е турната од мостот. Завршила во болница со пет скршени ребра и пробиени бели дробови.


Во средата на суд рекла дека сеуште се бори со физичка рехабилитација, болки, анксиозност и напади на паника. За време на својата изјава се расплакала во судницата. Рекла дека била вџашена кога била турната и дека мислела дека ќе умре.
„Денеска сме среќни што е жива. Мене и моето семејство ова не чинеше многу солзи, а да не зборувам за стресот и грижата“, рекла нејзината мајка Генел Холгерсон.


Тејлор Смит на суд и се извинила на Холгерсон. Рекла дека цело време е во нејзините мисли и дека ќе продолжи да прави се’ што може за да го исправи она што го направила. Се расплакала кога на излегување од судницата и ставиле лисици.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 03.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Ефикасниот и работно мотивиран Овен крајот на првата работна недела го дочекува задоволни …