(ВИДЕО) Вооружен крадец нападнал друштво кое се враќало од Пролетен распуст и…веднаш зажалил

На социјалните мрежи се појавила снимка на која се гледа група момчиња која се враќа од
пролетниот распуст во мајами и нивниот судир со напаѓач, на бензинска пумпа…

На бензинската пумпа одеднаш се појавил маскиран маж со пиштол во раката кој сакал да ги ограби. Но, групата момчиња имала други планови – ги срушиле напаѓачот на земја а еден од успеал да му го одземе пиштолот.
Пријател на разбојникот, подоцна идентификуван како Кевин Кембел,кога видел дека работите не одат според планот побрзал на помош. Прво го барал пиштолот а потоа и двајцата избегале со возило.
Ерин Визби, една од жртвите подоцна рекол дека другиот маж ги кренал рацете во воздух и барал да му го вратат пиштолот додавајќи дека само ќе си замине.


Иако момчињата рекле дека никој од нив не се плашел, полицијата ги предупредила жртвите на крадецот никогаш да не го направат тоа што го направиле бидејќи тоа би можело да има и смртоносни последици.
Жртвите на полицијата и дале информации за регистрацијата на возилото на осомничениот Кембел кој е уапсен истиот дел. Му се заканува обвинение по неколку точки, вклучувајќи ја онаа за разбојништо со огнено оружје.
Полицијата сеуште трага по мажот со пиштолот, а утврдиле дека оружјето е украдено во 2017. година.

Подготви:Г.О.
Скриншот:CBS


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 06.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Ве очекува одличен работен ден, со полн интензитет да започнете нов професионален циклус …