(ВИДЕО) Црно бел колач кој не се пече

Црно бел колач со чоколадо и слатка павлака кој може да се послужи како десерт после лесен летен ручек.
Состојки:
Кора:

300 г мелени бисквити
50 г какао
околу 250 мл млеко
Бел фил:
300 мл слатка павлака
150 г бело чоколадо
Црн фил:
300 мл слатка павлака
150 г црно чоколадо


Подготовка:двата вида чоколадо, на пареа истопете ги во слатката павлака па потоа изматете со миксер.
Направете ја кората – измешајте ги сите состојки, и смесата нанесете ја во калап обложен со прозирна фолија.Префрлете во фрижидер. Потоа нанесете го белиот фил а над него и’ црниот. Украсете со искршени
слатки, по ваш вкус.
Колачот префрлете го во фрижидер на еден час па послужете.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Утре е најтажниот ден во христијанството: Што не треба да јадете за Велики петок

Велики петок претставува најтажен ден во христијанството, а на денешен ден е пропишан најстрог пост. …