(ФОТО) По Фејсбук кружат вознемирувачки слики од момчиња кои земале од дрогата „Spice“: „Изгледаат како зомби!“

Овие денови на социјалните мрежи масовно се споделува фотографија снимена во англискиот град Бриџгенд, во самиот центар, а прикажува тројца мажи откако ја конзумирале искучително опасната дрога „Spice“, пишува BBC.
Фотографијата прикажува тројца мажи како седат на клупа и на земја, очигледно под дејство на дрогата и без свест, и тоа во близина на детско игралиште. Британската полиција, откако фотографијата почнала масовно да се споделува, упатила предупредување до граѓаните и ги повикала да се спротивстават на злоупотребата на наркотици.Граѓаните масовно ја споделуват фотографијата коментирајќи дека момчињата изгледаат како зомби.


Набргу по социјалните мрежи почнала да се шири уште една фотографија која прикажува маж кој лежи на клупата очигледно откако ја конзумирал оваа опасна дрога.Лицето кое ги снимило и двете фотографии тврди дека се снимени овој вторник во центарот на градот.
BBC пишува дека „Spice“ е илегалн психоактивна дрога, креирана да ги имитира ефектите од канабис, но може да има силен негатвен ефект на организмот, што го докажуваат и снимките и фотографиите на лицата кои ја конзумирале оваа дрога.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Гостувањето на Катерина Бабкина една од најуспешните современи украински писателки

Артконект со задоволство го најавува гостувањето на Катерина Бабкина, една од најуспешните современи украински писателки, …