(ВИДЕО) Трејлерот за новиот филм на „Марвел“ за само три дена собрал повеќе од 10. милиони прегледи

Пред неколку дена излезе официјалниот трејлер за новиот филм на Марвел, а веќе го прегледаа повеќе од 10 милиони луѓе само на Јутјуб.
Во новиот блокбастер насловен „Shang-Chi and the Legend of the Ten Rings“ (Шанг-Чи и легендата на десетте прстени), главната улога ја игра Симу Лиу, а многу фанови на франшизата со нетрпение го очекуваат објавувањето на филмот.
Што се однесува до заплетот на филмот, не е откриено многу, но јасно е дека главниот јунак ќе се бори и против сопствениот татко. “Му реков на мојот народ дека нема да можат да те убијат дури и да се обидат. Среќен сум што имав право”, му вели татко му во еден момент.


Кон крајот на минатата година, филмот беше одложен за јули оваа година, но премиерата уште еднаш беше одложена. Филмот треба да се појави во кината во почетокот на септември.


Фото: Принтскрин/Youtube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) „Признај дека НИКОГАШ НЕ СИ ИМАЛА РАК, им се потсмеваш на пациентите на онкологија“: Новата фотографија на Кејт Мидлтон со болна девојка предизвика ЦЕЛОСЕН ХАОС, принцезата добива СТРАШНИ ОБВИНУВАЊА

Ниту повеќе од половина година откако објави дека се бори со ракот, теориите за здравствената …