Print

„ВИРТУЕЛНО ЈАС”, детска компјутерска графика во Мала станица

Живееме во свет на „паметни нешта” во кој технологијата има масовна примена во секој сегмент од нашиот живот. Таа ни го олеснува секојдневието овозможувајќи ни пристап до секакви информации, но има и длабока социјална компонента, правејќи да сме поврзани, да комуницираме меѓу себе побрзо и полесно од кога било порано.
Стекнувањето на компјутерски вештини е потребно кај сите, без разлика на возраста, но е особено важно кај децата со попреченост во развојот, бидејќи може да им го привлече вниманието на содржини кои се наменети за учење.
Па така, оваа година за децата од ранливите категории Националната галерија на РСМ, во соработка со Гимназијата „Алгоритам”, организира инклузивен проект за компјутерска графика насловен како „Виртуелно ЈАС”. Во проектот учество зедоа училиштата кои имаат инклузивни програми и институциите кои ги поддржуваат ранливите категории.

 

Тргнувајќи од тоа дека технологијата брзо се развива и станува неопходен дел од нашето живеење, овој проект имаше за задача да покаже дека компјутерот не прави разлика меѓу корисниците и нуди неограничени можности за изразување. Водени од стручни лица, децата истражуваа, учеа нови вештини и уживаа во широките можности што ги нуди дигиталниот свет. Крајниот резултат се изработените компјутерски графики, креативни дела во кои тие ни ја покажуваат својата виртуелна реалност, своето виртуелно Jас.

 


Во текот на месец април и мај беше реализирана работната програма на проектот, пристигнаа повеќе од стотина цртежи / комјутерски графики од следниве училишта:
 
ДСУ Св. Наум Охридски
ООУ Браќа Миладиновци – с. Жван, Демир Хисар
Здружение на психолози Рилука- Битола  
ООУ Кирил и Методиј – Стајковци
ООУ Кузман Јосифовски Питу – Скопје
ООУ Невена Георгиева – Дуња – Скопје
Дама-Ел, Здружение на лица ос посебни потреби
ПОУ Иднина – Скопје
ПСУ Алгоритам
НВО Имаго Плус – Скопје
НВО Имаго Плус – Тетово.
 
Одговорна за проектот е едукатор Маја Димитрова.
Изложбата од сработените детски графики пред пошироката јавност ќе биде презентирана во објектот Мала станица на 30-ти јуни о.г., во 13 часот и истите ќе може да се погледаат во наредните 10 дена.
                                                                                                          Атанасиј Димески

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Стенд ап настап на Александар Георгиевски – G Vision вечерва во Оро

Третиот по ред стенд ап во Оро, ќе се одржи денес, со почеток во 21:00 …