(ВИДЕО) Типот се ракувал со Кејт на улица и уфрлил коментар, принцот Вилијам веднаш му одговорил…


Војводата и војвотката од Кембриџ оваа недела го посетија Велс. Идниот принц и принцезата од Велс се дружеа со Велшаните и разговараа со нив на улица. Еден од нив и ја подал раката на војвотката, по што искоментирал дека таа ги има „најстудените раце досега“.
Принцот Вилијам го слушнал коментарот и на случаен минувач му рекол: „Знаеш што велат, студените раце значат топло срце“.

Присутните со воодушевување ја следеле кралската двојка која се чини дека е вљубена како и пред дваесет години кога започнала нивната љубовна врска. Кејт и Вилијам се забавувале на почетокот на факултетот во 2001. година, а се венчаа во 2011. година.


Фото: Принтскрин/YouTube


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Одбројувањето започна – Објавен е последниот трејлер за филмот „Ф1“ пред премиерата во јуни

Чекањето завршува, бидејќи долгоочекуваниот филм за Формула 1, во кој глуми холивудскиот актер Бред Пит, …