(ФОТО) Оваа руска манекенка ја поддржала Украина


Руската манекенка Ирина Шајк му дала поддршка на народот на Украина.
Таа го поддржа украинскиот народ преку социјалните мрежи по инвазијата на Путин и ги повика своите фанови да се вклучат во работата на хуманитарните организации кои им помагаат на бегалците.
„Не за војната! Ќе донирам за УНИЦЕФ и Украинскиот Црвен крст, ќе најдам линкови за донации и ресурси на моите приказни, дајте што можете. Се молам за мир“, напишала таа.
Таа на својата приказна на Инстаграм објавила три фотографии од прифатилиштето на украинските бегалци и истакнала дека таквите шокантни сцени и го скршуваат срцето.
„Донирајте барем еден долар. Како можеме да спиеме, работиме и функционираме додека се случува ова?“, напишала манекенката во приказната.

View this post on Instagram

A post shared by irinashayk (@irinashayk)


Фото: Принтскрин/Instagram


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Црквите и манастирите во Гевгелиско“ – Изложбата на фотографии

На 18 јуни 2025 година (среда), со почеток во 20:00 часот, на перонот на Железничката …