(ВИДЕО) „The Upside“: Филм кој вас ќе ве насмее до солзи, но и емотивно ќе ве допре

„Ова е филм кој вас ќе ве насмее до солзи, но и емотивно ќе ве допре“, се најавува од продукцијата на филмот „The Upside“ во кој главните улоги ги имаат Брајан Кренстон и Кевин Харт, како и оскаровската Никол Кидман.
Станува збор за пријателство кое никој не го очекувал помеѓу милијардерот кој е параплегичар и некогашниот осуденик кој е најмен да му помогне. Кидман пак го глуми ликот на асистентка на Кренстон.
Трејлерот е дефинитивно забавен и многумина истакнуваат дека по бројните блесави комедии, ова е првиот филм каде ќе го видиме Кевин Харт во малку посериозен свет.
Филмот во кината ќе почне да се прикажува од 11. јануари 2019. година.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Падот на Масада“ вечерва во Драмски

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот ќе биде изведена театарската …