(ВИДЕО) ТАЖНА ГЛЕТКА – ШОКАНТНО ВИДЕО НА ПОЗНАТИОТ АКТЕР КОЈ ГИ КРШИ СРЦАТА: Со години криел НЕИЗЛЕЧИВА БОЛЕСТ, а сега целосно го совладала!

Актерот Мајкл Џеј Фокс се бори со Паркинсоновата болест која долго време ја криеше од јавноста. Меѓутоа, тој сега отворено зборува за тоа и основал фондација посветена на изнаоѓање лек за оваа болест.
Видеото кое деновиве кружи на социјалните мрежи покажува колку болеста е напредната, но храбриот актер и покрај ова не се откажува од борбата и секојдневните активности.
Инаку, на Мајкл Џеј Фокс пред три децении му беше дијагностицирана Паркинсонова болест. Тој тогаш имаше 29. години, а потоа следеа бројни компликации поради кои се повлече од очите на јавноста. Неодамна проговори за првите знаци на болеста кои на почетокот ги игнорирал, а сега објасни зошто седум години криел од јавноста дека има неизлечива болест.


„Повеќето луѓе со Паркинсонова болест почнуваат да развиваат симптоми до својата 50-та година, иако околу еден од 20. луѓе со оваа состојба првите ги доживуваат симптомите до 40-тата година. Се плашев дека луѓето би можеле да се смеат ако знаат дека ја имам болеста. Тоа беше навистина чуден период, бидејќи седум години го чував за себе“, изјавил актерот.
Меѓутоа, кога конечно им кажал на луѓето за неговата состојба, тој рече дека тие му даваат неверојатна поддршка. Фокс, исто така, открил дека неговиот страв од тоа брзо исчезнал и дека всушност му биле дадени нови можности откако признал дека ја има оваа состојба.

This image has an empty alt attribute; its file name is majkl-dzej-foks-1.jpg


„Публиката всушност продолжи да ја гледа мојата работа. Почнав да разговарам со научниците и тие ми велеа дека науката е пред парите. Знаеме повеќе отколку што можеме да платиме. Разбираме повеќе отколку што добиваме. И добро помислив, можам да направам тоа“, додал актерот кој основал фондација во 2000 година посветена на изнаоѓање лек за Паркинсоновата болест.
Инаку, Фокс претходно вака зборуваше за тешкотиите со кои се соочил:
„Мојата краткорочна меморија е засегната. Отсекогаш сум имал одлични вештини за меморирање. Сепак, имав некои екстремни ситуации кога последните неколку работи беа ставени на мирување бидејќи делови од текстот ми беа тешки поради зборовите кои требаше да се запамтат“, рекол Фокс во 2020 година.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Екран ви ги претставува хедлајнерите на Pinkpop 2024

Екран во неколку објави ќе се обиде да ви ги презентира најголемите музички имиња кои …