(ВИДЕО) СТРАШНИ СНИМКИ ОД ТРАГЕДИЈАТА ВО БРАЗИЛ: Карпа се урнала во езеро, загинале туристи затоа што не се засолниле на време

Пет лица загинале, а девет се тешко повредени во страшната несреќа во бразилската држава Минас Жераис кога голема карпа се откорнала од остра карпа на брегот на езерото.
Одронот се случил околу пладне во саботата, во кањон покрај езерото Фурнас во близина на градот Капитол.


Отцепената карпа скршила три туристички чамци на реката подолу, при што загинале пет лица, а други се повредени, јавува RT.

Вознемирувачките видеа покажуваат како првго почнале да паѓаат помали камења, пред да се откачи огромна карпа и директно да се сруши на неколку туристички чамци.
На видеото направено од еден од блиските чамци се гледа како неговите патници очајнички се обидуваат да ги предупредат чамците поблиску до карпата, речиси една минута пред трагедијата.

Во несреќата загинале пет лица, а уште девет се тешко повредени, соопштиле локалните служби за итни случаи. Околу 23. лица поминале со полесни повреди и подоцна биле пуштени од болница.
Во изјавата, гувернерот на Минас Гереис, Ромео Зема, за несреќата ги обвинил „обилните дождови, кои предизвикале олабавување на камењата“.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 02.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Добар прилив на енергија, позитивно расположение и сите шанси типичниот Овен има да …