(ВИДЕО) СРЕЌЕН КРАЈ НА ДРАМАТА: Бебето предадено преку жица на војник во Авганистан, повторно со роднините

Бебето кое неговите родители му го предале на американски маринец преку ѕид од бодликава жица на аеродромот за време на евакуација од Авганистан, денеска е пронајдено и повторно поврзано со своите братучеди во Кабул.
Момчето, Сохаил Ахмади, имало само два месеци кога исчезнало на 19. август, додека илјадници луѓе побрзале да го напуштат Авганистан откако паднал во рацете на талибанците.
По приказната на Ројтерс објавена во ноември со неговите слики, момчето кое било во Кабул, откако 29-годишниот таксист по име Хамид Сафи го нашол на аеродромот и го однел дома за да го одгледа како свој, повторно се споило со роднините.
По повеќе од седум недели преговори и молби, и конечно кратко задржување од страна на талибанската полиција, Сафи конечно му го вратил детето на неговиот среќен дедо и на другите роднини кои се уште се во Кабул.
Тие рекле дека сега ќе побараат од него повторно да се соедини со неговите родители и браќата и сестрите кои билеевакуирани во САД пред неколку месеци.


Фото: Принтскрин/

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Песните на Тоше Проески” – Интернационален натпревар во пеење

Вечерва во Националната Oпера и Балет во Скопје, со почеток во 19:00 часот, ќе се …