(ВИДЕО+ФОТО) КРАЈ ЗА „ПОРТАТА НА ПЕКОЛОТ“: Мистериозниот пожар кој гори со децении, наскоро ќе биде изгаснат

Претседателот на Туркменистан, Гурбангули Бердимухамедов наредил да се изгасне „Портата на пеколот“, односно пожарот кој со децении горел во голем пустински кратер со гас.
Бердимухамедов сака да го изгасне пожарот поради еколошки и здравствени причини, како и поради обидот за зголемување на извозот на гас.
Според Би-Би-Си, кратерот Дарваз во пустината Каракум го следи мистерија.
Многумина веруваат дека е формиран кога советската операција за ископување тргнала наопаку.
Меѓутоа, канадскиот истражувач Џорџ Курунис ги истражувал длабочините на овој кратер и открил дека никој навистина не знае како сето тоа започнало.

This image has an empty alt attribute; its file name is kapija-na-pekolot-1.jpg
Според локалните туркменски геолози, кратерот бил формиран во 1960-тите, а пожарот почнал да избувнува во 1980-тите.
Кратерот е една од најпопуларните туристички дестинации во Туркменистан.


Фото: Принтскрин/YouTube


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …