(ВИДЕО) СРЕЌА – РУСКО ДЕВОЈЧЕ ПАДНАЛО ОД ПРОЗОРЕЦ НА ТРЕТИОТ КАТ: Сите мислеле дека е готова, а само поради ова станала и си заминала!

Неверојатната сцена се случилаво саботата вечерта во рускиот град Томск откако девојче (6) паднало од третиот кат на станбена зграда, но благодарение на снегот на тревникот подолу, таа преживеала и не претрпела сериозни повреди.
Несреќата е снимена од надзорните камери од блиската зграда, а тоа видео стана вирално на социјалните мрежи бидејќи за сите било неверојатно девојчето да стане и да си оди по падот.
Сепак, девојчето, чиј идентитет не бил откриен затоа што е малолетничка, цела ноќ ја поминала на прегледи во болницата. Подоцна било објавено дека нема скршеници, но дека се забележани полесен потрес на мозокот и полесни телесни повреди.


Според болницата, таа ноќта ја поминала на интензивна нега, а следниот ден била пренесена на редовното одделение.
„Лекарите успеаа да го стабилизираат здравјето на малиот пациент“, додаваат тие.
На видеото се гледа како девојчето паѓа од нејзиниот балкон и силно удира во еден куп снег.
Лежела некое време на тоа место, по што станала и со напор ја прескокнала малата ограда, фаќајќи се за колкот, кој ја болел од падот. Потоа истрчала кон нејзината зграда од која паднала.
Локалните медиуми објавија дека загрижениот сосед се јавил во службите за итни случаи откако го видел падот. На крајот се покажало дека мајката го оставила девојчето само во станот, но за среќа биле избегнати фаталните последици.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

МЕТЕО АНАЛИЗА ЗА 1 МАЈ: Попладневна изолирана нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер – Истата ќе продолжи и преку ноќта кон 2 мај

Метео прогноза на Славчо Попоски: Како што веќе подолго време најавуваме, утре на 1 мај …