БОРБА ПРОТИВ КОРОНА: Уницеф ќе испорача две милијарди вакцини во 92. земји

УНИЦЕФ објави дека работи со 350 партнери, вклучувајќи ги и водечките светски авиокомпании, бродски компании и логистички здруженија од целиот свет, со цел да се испорачаат две милијарди вакцини против коронавирусот во 92. земји што е можно поскоро.
Етлева Кадили, директор на одделот за испорака на производи во УНИЦЕФ, рекла дека партнерството со бројни компании е од големо значење.
„Додека се работи на завршување на вакцината против вирусот корона, УНИЦЕФ соработува со авиокомпании, бродски компании, сите што можат да ни помогнат да ги испорачаме вакцините“, рекла таа.
За да започнат подготовките за испорака на вакцината, УНИЦЕФ минатата недела ги информираше водечките авиокомпании за тоа како ќе се доставуваат скоро две милијарди дози вакцина против корона следната година.
Покрај вакцините, со брод ќе бидат транспортирани и милијарда шприцеви.
Набавката, испораката и дистрибуцијата на вакцини за коронавирус ќе биде најголемата и најбрзата операција што ја има извршено УНИЦЕФ досега.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 13.05.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Солиден почеток на работната недела им претстои на Овните, па се очекува да …