(ВИДЕО) СНИМКАТА ГО ОБИКОЛИЛА СВЕТОТ -ДАЛИ СЕ КРИЈАТ ВИСТИНСКИТЕ РАЗМЕРИ НА КАТАСТРОФАТА? Медицинска сестра од Вухан тврди дека со коронарисуот се заразени 90.000 луѓе!

Кинеска медицинска сестра од Вухан, која носи заштитно одело и маска и се грижи за заразените со корона вирусот во овој град, тврди дека во Кина се заразени веќе 90.000 луѓе, а не 2.700, според официјалните бројки.
Нејзиното предупредување од жариштето на епидемијата доаѓа во моментот откако кинеската влада се соочува со обвиненија за цензурирање на критичко размислување и за прикривање на правата вистина на кризата. Во видеото, објавено на Интернет, неименувана жена вели:
„Јас сум во областа од која потекнува корона вирусот. Јас сум тука да ја кажам вистината. Во овој момент, во провинцијата Хубеј, вклучувајќи го и регионот на Вухан, па дури и ширум Кина, со вирусот корона се заразени повеќе од 90.000 луѓе“, тврди таа.


Иако на Кина првично и беа одавани признанија за транспарентноста во текот на настојувањето да се справи со кризата, сега се почесто им се упатуваат критики дека властите од интернет ги отстрануваат видеата што ја откриваат вистинската состојба. Видеото од медицинска сестра од Вухан имаше повеќе од два милиони прегледи на YouTube.
Во него, таа ги предупредува луѓето да не излегуваат надвор и да се воздржат од прославување на кинеската нова година.
„Би сакала да им кажам на сите што го гледаат ова видео да не излегуваат надвор. Не одете на забави. Не јадете надвор. Ако сте безбедни сега, ќе можете здрави да се сретнете со роднините наредната година“, рекла болничарката.


Таа ја искористила можноста да апелираим до луѓето да помогнат:
“Не нè интересира што вели владата. Ве поканувам да донирате маски, очила и облека за еднократна употреба на Вухан. Ве молам, помогнете. Донирајте очила, маски и облека за еднократна употреба. Немаме доволно опрема”, апелирала сестрата.

Екран.мк/Daily Mail
Фото: Printscreen/Youtube


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Изложбата „ПИКАСО МОЖЕБИ ЈАС“ во чест на Пикасо од Македонскиот керамичар Филип Фидановски ќе биде поставена во Хрватска

Керамика мултиплекс 2024, КЕРАМЕИКОН -ДРУШТВОТО НА КЕРАМИЧАРИ НА ХРВАТСКА Ви ја претставува изложбата „ПИКАСО МОЖЕБИ …