(ФОТО) НЕМА ПОВЕЌЕ КРИЕЊЕ: Бред Пит и Џенифер Анистон се повторно заедно!

Сезоната на награди во Лос Ангелес придонесе за честите средби на бившите сопружници Бред Пит и Џенифер Анистон што пак од друга страна ги подгреа приказните дека се повторно заедно, што никој од нив јавно не го потврди…
Но, затоа се тука пријатели на поранешните холивудски сопружници кои тврдат дека Бред Пит и Џенифер Анистон се повторно заедно.

Според пишувањето на Mirror, Бред и Џенифер се обидуваат да го обноват стариот однос.
„Најблиските пријатели на славниот пар велат дека Бред и Џенифер најмалку пет пати биле на состанок пред неодамна да се сретнат на црвениот тепих и да предизвикаат бројни коментари на темата дека се повторно заедно. Дури и за божиќните празници биле заедно во нејзината вила.

Мислам дека таа никогаш не престана да го сака, иако тој и го скрши срцето кога ја остави за Ангелина Џоли. И требаше многу време, но се’ му прости. Тоа е голем чекор ако сакате да продолжите понатаму”, рекол пријател на актерката.
И’ пријателите на актерот тврдат нешто слично за Бред Пит.

„Единственото нешто за кое зборува е Џенифер. Ја обновија својата романса и не сум ги видел толку среќни со години”, рекол неговиот колега чиј идентитет Mirror не го открива.
Кога Бред на црвениот тепих го прашале дали Џенифер ќе му прави друштво на Оскарите, Бред се насмеал, поцрвенел и рекол дека нема да има придружба.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на доајенот на македонското радио и телевизиско спикерство Иван Антонов

Иван Антонов е роден во село Ума, Гевгелија, на 01 мај 1924 година. Тој беше …