За невенчаните дами, еден од омилените моменти на свадбените веселби секако е фаќањето бидермаер, а видеото на кое се гледа како жена се обидува да фати букет насмеало многу луѓе.
Ова видео брзо стана вирално и предизвика безброј коментари кои започнаа жестока дебата, а за се е виновна реакцијата на момчето на споменатата жена.
The look from both of them said it all lol pic.twitter.com/OVBNovqR4f
— Lance🇱🇨 (@BornAKang) January 13, 2023
Се’ започнало кога невестата се свртела да го фрли бидермаерот, а оваа жена со сите сили се обидела да го фати и успеала во целта. Со цвеќињата во рацете таа се сврте кон партнерот за да ја види неговата реакција која била вистински ладен туш.
Тој имал кисел изглед на лицето и воопшто не изгледал среќен што неговата девојка успеала да го фати бидермаерот. Ова предизвика општа бура и почна да се коментира за тоа како тие очигледно имаат различни идеи за иднината и дека нивната врска е на разнишани нозе.
Фото: Принтскрин/Twitter