Супер овошјето ги штити срцето и крвните садови, а ако го јадете секое утро, ќе откриете неверојатно подобрување

Во сезона е цела зима и треба да го купите додека е незрело, односно уште тешко на допир и потоа да го оставите неколку дена на собна температура да зрее.
Со само 60 калории, едно киви ќе ви обезбеди 100% од дневната потребна количина на витамин Ц и со повеќе калиум од половина банана. Сигурно веќе сте слушнале за бројните лековити својства на кивито, како и за тоа дека многумина го нарекуваат суперовошје затоа што е богато со антиоксиданси, витамин Ц, калиум, фолна киселина, полифеноли и растителни влакна, а исто така е и добар извор на витамин Е.
Многу поволно делува на дигестивниот систем, поради што е особено добар избор за појадок.

Одличен извор на пробиотици
Го намалува запекот и, според студија од 2010. година помага во варењето на важните протеини, благодарение на активната компонента во кивито наречена протеолитичка киселина. Неодамна беше откриено дека е одличен извор на пробиотици, па во таа смисла овошјето е исклучително пожелно, особено за варење. Покрај тоа, содржи лутеин и зеаксантин, супстанции кои се неопходни за здравјето на очите, како и флавоноиди и каротеноиди кои штитат од слободните радикали и ја штитат ДНК од оксидативно оштетување, што го намалува ризикот од рак.


This image has an empty alt attribute; its file name is kivi-1024x680.jpg

Интересно е тоа што една студија покажала дека кивито, ако го јадете секое утро, може да има ефект налик на аспирин, кој го спречува формирањето на згрутчување на крвта. Исто така, го намалува нивото на триглицериди во крвта за дури 15 проценти, со што го спречува насобирањето наслаги на крвните садови и го штити здравјето на срцето и крвните садови.


Фото: Архива

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Комисијата за Автомобилска одговорност донесе одлука без да ги земе во предвид анализите на осигурителната индустрија!

  Осигурителните компании се разочарани од пристрасните трврдења и непрофесионалните квалификации кои им ги упати …