(ФОТО) САГАТА ПРОДОЛЖУВА – ПОРАНЕШНА СВЕКРВА ЗАСТАНАЛА НА СТРАНАТА НА ШАКИРА? Мајката на Пике избрала страна ВО ВОЈНАТА на бившите сопружници! Со ова му го гризнала срцето на синот!

Откако Шакира објави песна во која го прозва својот поранешен партнер Жерар Пике, нивните многубројни обожаватели се поделени во два табора – оној кој ја поддржува пејачката и оној кој го поддржува поранешниот фудбалер.
Изненадувачки, мајката на Пике, Монсерат Бернабеу, се чини дека е на страната на нејзината поранешна снаа. На Монсерат всушност и се допаднале две објави на Твитер поврзани со песната.


Првиот твит се однесува на текстот на песната, а вториот е најава за песната што ја објави раперот Бизарап. Меѓутоа, откако фановите на спортистот истакнале дека дури и неговата мајка е против него, таа решила да ги повлече лајковите, но фановите биле побрзи и ги зачувале доказите.
Интересно е што во контроверзната песна Шакира ја спомнува мајката на Пике во репликата „ме остави со свекрва за комшика, медиумите на врата и долгови кон државата“.

This image has an empty alt attribute; its file name is sakira-i-svekrvata-1.jpg


Откако песната крена прашина, Пике објави статус со емоција на циркус на Твитер.
Да потсетиме дека Пике и Шакира објавија дека се разделуваат во јуни минатата година. Набргу потоа, Пике беше забележан со Клара Чиа, неговата нова девојка, вработена во неговата продукциска куќа. Иако за врската не зборуваше за медиумите, двајцата беа видени заедно неколку пати, а подоцна беше откриено дека нивната афера трае од 2021 година.

View this post on Instagram

A post shared by BZRP (@bizarrap)

Шакира неодамна проговори за раскинувањето со Пике и тој момент го нарекла еден од најтемните во нејзиниот живот, но не само поради разводот, туку и поради нарушеното здравје на нејзиниот татко. Пике неодамна наводно и дал благослов на својата поранешна партнерка да се пресели во Мајами со децата за да избегне даночна правна битка против неа во Шпанија.

Фото: Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …