Пријателите на Џек Николсон (85) се загрижени за него бидејќи тој не се појавува во јавноста повеќе од една година. Стравуваат дека неговиот начин на живот не е добар за неговото здравје, а велат дека се однесува како осамен волк. Тој веќе не се појавува ниту на натпреварите на Лејкерси, чиј голем фан е.
Ѕвездата, која има шест деца, последен пат била видена на кошаркарски натпревар на Лос Анџелес Лејкерс во октомври 2021 година со неговиот син Реј, и оттогаш поголемиот дел од своето време го поминувал сам во својата палата на Беверли Хилс.
Џек е во контакт со одредени роднини, особено со Реј, неговиот штитеник, на кој е толку горд, но неговите денови на дружење одамна поминаа“, изјавил извор за странските медиуми.
Се вели дека пријателите на Николсон се плашат дека неговите последни години наликуваат на оние на неговиот пријател Марлон Брандо, кој умрел како осаменик во 2004 година.
„Брандо умре како осаменик по толку возбудлив живот, а пријателите на Џек прават споредби. Неговите деца го посетуваат, но тие се неговиот единствен контакт со светот”, додал изворот.
Фото: Архива