(ВИДЕО) Синот и ја исполнил ПОСЛЕДНАТА ЖЕЛБА на мајка си: Емотивно видео кое многумина расплакало

Млад човек ја исполнил последната желба на својата мајка, која боледувалаа од амиотрофична латерална склероза (АЛС), танцувајќи со неа на неговата свадба
Сонот на Тери Хајтауер бил да присуствува на свадбата на нејзиниот син во Арингтон, Тенеси. Поради болеста која и била откриена во декември 2019. година, таа воопшто не можела да оди во летото 2020. година.
Многу сакала на свадбата на нејзиниот син да танцува со него, но поради болеста знаела дека тоа е невозможно. Сепак, младиот човек решил да и приреди изненадување на мајка си и со тоа да и ја исполни нејзината последна желба.
Скутер, со помош на семејството и пријателите, ја донел мајка си на средината на подиумот и, нежно кревајќи ја, почнал да танцува со неа. Тој, држејќи ја, танцувал со неа. Силно ја прегрнал и во еден момент заплакал. Пријателите стоеле на страна и ја гледале емотивната сцена, не можејќи да ги сокријат солзите. На крајот од танцот, сите дошле до нив, плачејќи и гушкајќи ја Тери.


Десет дена по церемонијата, Тери починала, опкружена со пријателите и семејството.

Фото: Принтскрин/Youtube/Happily


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Проекција на филмот „Македонски дел од пеколот“ вечерва во КИЦ

Вечерва во Културно информативниот центар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе биде прикажан …