(РЕЦЕПТ/ВИДЕО) Одлична идеја за ручек: Направете КУПОЛИ ОД КАРФИОЛ

Едноставно и брзо направете ручек
Потребно е:
1 мал карфиол
200 мл јогурт
1 лажица кисела павлака
100 гр рендан кашкавал
црн пипер
50 гр сечкана сува сланина
сол
малку црвен пипер
2-3 чешниња издробен лук


Подготовка: искинете ги цветчињата од карфиолот и варете 2-3 минути. Истурете јогурт во сад, додадете павлака, бибер, црвен пипер, лук и 1 лажица рендан кашкавал. Изедначете сè. Секој цвет потопете го во подготвената смеса и наредете го во намрсен плех.
Одозгора ставете го остатокот од ренданиот кашкавал и сечканата сланина. Се пече на 210 степени околу 30 минути додека убаво не порумени.

Фото: Принтскрин/YouTube


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници

Влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници Кога Царот, седејќи на осле, влегол …