(ВИДЕО) Шон Пен открил каков е Зеленски: „Јасно беше дека сум во присуство на нешто…“

АКТЕРОТ и режисер Шон Пен, кој до неодамна беше во Украина каде што снима документарец, го даде своето прво интервју откако ја напушти земјата.
Пен го даде своето прво интервју по заминувањето од Украина за Си-Ен-Ен, а во интервјуто со Андерсон Купер го пофали украинскиот претседател Володимир Зеленски, со кого се сретнал еден ден пред инвазијата и на денот на инвазијата, за неговата храброст и достоинство.
„Јасно беше дека сум во присуство на нешто… Тоа беше нешто ново за современиот свет во смисла на храброст, достоинство и љубов. Тоа беше извонреден момент. Начинот на кој ја обедини таа земја. Бев импресиониран и трогнат од него но и преплашен и за Украина“, рекол актерот и ги повикал гледачите да и помогнат на Украина.


Тој додал дека неговата непрофитна група, Community Organized Relief Effort (CORE), прави се што може за да им помогне на луѓето во Украина и да дистрибуира средства за хигиена, да им даде на бегалците финансиска помош и вода. Тој, исто така, рекол дека животите на Украинците се фундаментално променети и дека тие сега живеат во мрачна „нова реалност“.
„Многу луѓе, многу од нив богати, ги напуштија своите работни места и банкарските сметки, тоа е нивната нова реалност сега“, рекол Пен, кој бил пофален од канцеларијата на претседателот Володимир Зеленски што дошол во Украина за да му ја каже вистината на светот, и додал дека мисли дека Владимир Путин нема толку брзо да се повлече.

This image has an empty alt attribute; its file name is son-pen-odi-za-polska.jpg


Да потсетиме, Шон Пен со месеци работеше на документарен филм за тензиите меѓу Русија и Украина, пред две недели дојде во Украина.
„Тоа е веќе брутална грешка на одземени животи и скршени срца, а ако не попушти, верувам дека Путин ќе ја направи најстрашната грешка за целото човештво“, изјавил Пен откако ја видел ситуацијата во таа земја.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …