(ВИДЕО) Шакира со настапот на „Супер Бол“ станала главна тема на шеги!

Полувремето на Супер Бол ниту оваа година не ги разочарало гледачите. Жешките настапи на Шакира и Џеј Ло ја запалиле публиката, а сите забележале еден необичен детал од перформансот на Шакира.
Пред на сцената да и се придружи Џеј Ло, Шакира извела потег со јазикот кој станал вирален хит.


Станува збор за потег со јазикот кој во арапската култура се вика загхроут, а се користи за да се изрази среќа.
Многу гледачи не биле запознаени со значењето на тој потег па не требало долго јазикот на Шакира да стане главна ѕвезда на вечерта. Иако ова не е првпат Шакира да ги користи движењата со јазикот за време на настапи, бројните корисници на интернет почнале да се шегуваат со Шакира и нејзиното „завиткување“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) Шакира конечно проговорила за раскинувањето со Пике: „Поминав низ тешки години“

Шакира и Пике беа во врска 11 години, која заврши со бурно раскинување откако беше …