(ВИДЕО+ФОТО) Ема и го украла шоуто на мајка и: Наследничката на Џенифер Лопез воодушевила!

Дека Џенифер Лопез ќе направи вистинско шоу во полувремето на Супер Бол, им било јасно на сите. Но, она што никој не го очекувал е дека денес многу повеќе ќе се зборува за нејзината 11. годишна ќерка Ема Марибел Муниз.


Девојчето се појавило на сцената на Супер Бол и ја запеала „Let’s Get Loud”, а со својот талент го украла шоуто. Нејзиниот настап можете да го видите после 11:44 минути.


„Ема ќе настапи како симбол на американските соништа“, рекол пред нејзиниот настап извор за Page Six.
Своето воодушевување со настапот не го криел ниту таткото на Ема, Марк Антони, кој јавно и честитал.

„Ема, тато е многу горд на тебе. Ти си мое срце и јас сум засекогаш твое“, напишал на Инстаграм.
Ема го има неколку минути помалечкиот брат близнак Макс, а во една снимка која ја објавила Лопез раскажала како дознала дека носи близнаци.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …