(ВИДЕО) Шакира првпат проговорила за разводот, па објавила тажно видео: „Се обидов да ја скријам ситуацијата“

Шакира и Жерар Пике важеа за хармоничен пар на светската јавна сцена, а потоа решија се да прекинат по 11 години.
Шакира (45) неодамна реши првпат јавно да проговори за разделбата со фудбалерот Жерар Пике (35), а истакнала дека и е тешко да зборува за тоа:
– Навистина е тешко да се зборува за ова, особено што првпат се осврнувам на оваа ситуација во интервју. Останав тивка и само се обидов да го обработам сето тоа. Хм, и да, тешко е да се зборува за тоа, особено затоа што сè уште поминувам низ тоа, и затоа што сум во очите на јавноста и затоа што нашата разделба не е како нормална поделба. И така беше тешко не само за мене, туку и за моите деца. Неверојатно тешко – изјавлаи Шакира на Elle.

View this post on Instagram

A post shared by Shakira (@shakira)


Шакира и Пике се родители на Саша (7) и Милан (9), а целата ситуација околу разделбата на нивните родители не им била лесна:
– Се обидов да ја скријам ситуацијата од децата. Се трудам да го направам тоа и да ги заштитам, бидејќи тоа е мојата мисија број еден во животот, но потоа слушаат работи на училиште од пријателите или наидуваат на некоја непријатна вест на мрежите, а тоа ги засега – изјавила Шакира за споменатиот магазин.
Се чини дека Пике продолжил веднаш по разделбата, па се шушка дека е во врска со студентката Клара (23), за што Шакира не сакала да коментира.
Колумбиската пејачка вчера објави видео на Инстаграм, најверојатно користејќи го за да пренесе порака „надвор од линиите“ за тоа колку и е скршено срце.


View this post on Instagram

A post shared by Shakira (@shakira)


– Знаев дека ова ќе се случи – напишала Шакира во описот на видеото каде маж со чевел гази по срце.

Фото: Архива

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …