Тест на личноста кој кажува многу за вашиот карактер..
Тест на личност со 3. омилени животни – ги открива вашите доминантни особини, што ќе станете и како ве гледаат другите луѓе!
Тестовите на личноста се користат за многу психолошки тестови, на пример на интервју за работа, запишување училиште, како форма на психотерапија итн. Ви донесуваме брз и интересен тест на личноста кој може да ги открие вашите главни особини, но и што сакате да бидете и како ве гледаат другите луѓе.
Треба да ги запишете вашите три омилени животни на лист хартија во опаѓачки редослед – од најмилите до најмалку милите. Размислете за вашиот избор и започнете.
Пример:
1. Мачка
2. Куче
3. Мечка
До секое животно, напишете неколку квалитети, карактеристики што ви се допаѓаат кај ова животно.
Пример:
1. Мачка – независна, горда.
2. Куче – верно, послушно.
3. Мечка – голема, силна, интелигентна
Резултатот од овој тест е како што следува:
Првото животно што го наведовте претставува вид на личност што сакате да бидете. Второто именувано животно значи што или како луѓето околу вас ве доживуваат. Третото животно што го именувате одговара на прашањето кои сте навистина.