(ВИДЕО) СЕГА Е ДОСТА – ИДЕАЛОТ ЗА УБАВИНА КОЈ  СЕ НАМЕТУВА Е НЕРЕАЛЕН, ЈАС ВАРИРАМ ВО КИЛОГРАМИТЕ, ПА ШТО! Познатата актерка им ПРКОСИ на женските окови!

Идеалот за убавина кој се наметнува на социјалните мрежи одамна зема замав. Девојките се се’ понесигурни и придаваат преголема важност на својот изглед, гардероба, коса, нокти, шминка и други надворешни фактори, а значително помалку на својот интелект, а најважно за нивното ментално здравје.

This image has an empty alt attribute; its file name is selena-gomez-1.jpg


Таканаречените филтри се „основниот“ дел на секоја фотографија, а наметнатите очекувања се едноставно преголеми, па дури и познатите личности, според актерката и пејачка Селена Гомез, се борат со емоциите да не се вклопат во нив.
Така, Селена Гомез проговорила за апсурдните коментари кои ги добивала за својот изглед, а како што пренесува „Bright Side“ се’ започнало уште во 2015. година.

View this post on Instagram

A post shared by President Joe Biden (@potus)


Откако ситуацијата излегла од контрола, таа решила да почне да оди на терапија за да се грижи за нејзината психичка состојба и оттогаш отворено зборува за борбата со лупус и трансплантација на бубрег, кои се одразиле на нејзиното здравје, изглед и тежина.
– Многу варирам во тежината – рекла таа во интервју во 2020. година и додала дека морала да научи да има „дебела“ кожа во прилично рана фаза од нејзиниот живот.


This image has an empty alt attribute; its file name is selena-gomez-2-683x1024.jpg

По долги години борба, Селена одлучила да се откаже од социјалните мрежи и тоа трае од 2017. година.
– Посреќна сум, поприсутна сум, повеќе се поврзувам со луѓето – изјавила таа во 2019. година, за време на интервју во Кан.

View this post on Instagram

A post shared by Selena Gomez (@selenagomez)

Таа нагласила колку социјалните мрежи се опасни и колку можат да бидат застрашувачки.
Во приказните на TikTok, кои беа споделени на нејзиниот најголем профил на обожаватели на Инстаграм, има видео од Селена како зборува за тоа што јаде и како не се грижи за килограмите.

„Значи, се обидувам да останам слаба, но отидов до ‘Џек во кутијата’ и добив 4 такоси, 3 ролнички со јајца, прстени од кромид и зачинет пилешки сендвич. Но искрено, не ми е грижа за тежината. Јас сум совршена таква каква што сум.
Селена ги моли обожавателите да бидат искрени и да внимаваат што им е важно во животот. Настојува да се држи настрана од лажни, нереални стандарди и наметнати слики. Така таа нагласила дека ранливоста е сила, а не слабост!

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …