(ВИДЕО) Се споделува сцена од новиот филм на Марвел, сите ја коментираат оваа жена: „Дајте и Оскар!“

ПОКРАЈ Елизабет Олсен, Рејчел МекАдамс, Џон Красински и Бенедикт Камбербач, во филмот Doctor Strange in the Multiverse of Madness, една жена го привлече целото внимание појавувајќи се само во една сцена. Речиси на почетокот на новиот филм, гледачите забележаа жена, чиј идентитет сè уште не е потврден, како седи зад Стивен Стрејнџ (Бенедикт Камбербач) на свадбата на Кристин Палмер (Рејчел МекАдамс).
Додека Стрејнџ разговара со Нико Вест (Мајкл Штулбарг), на многумина вниманието им го привлекла статистката која била во тој кадар. Имено, жената се преправала дека разговара со некого вон камерата, а потоа погледнала околу себе и правела гримаси. Се трудела да не погледне во камерата.

@chaaarlesweber THIS is how you be an Extra #doctorstrange #multiverseofmadness #mom ♬ original sound – Charles Weber


Овој клип од филмот набрзо станал вирален на социјалните мрежи и многумина се прашуваат која е жената која, како што пишуваат, „имала изведба на својот живот“.
Твитер е полн со „финти на сметка на овие статистики.

„Агентот и кажа дека ова е улогата на нејзиниот живот и таа даде се од себе“, „Таа е ѕвезда“, „Дајте и Оскар, таа го заслужи“, „Таа всушност е главниот лик“, „Нејзе ѝ треба свое Дизни + шоу“, се некои од коментарите.


Некои твитерџии шпекулираат дека се работи за мајката на Бенедикт Камбербач, актерката Ванда Вентам, но тоа се уште не е потврдено.

Фото: Принтскрин/TikTok

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

‘GOKO’ го издаде својот нов албум

Гордон има 29 години и се бави со продукција на електронска музика повеќе од 10 …