„Медитеранско“ јадење – слично на мусака, но со многу зеленчук и се подготвува побрзо

Компири, тиквички, мелено месо – основните состојки за ова јадење се слични на оние за мусака, но се прави на поинаков начин. Можеби изгледа малку јако за топлите денови, но – дури и кога е топло мора да се јаде.
Состојки:
500 гр мелено месо
1 главичка кромид
1 тиквичка
1 компир
1 црвена пиперка
100 мл сос од домати
лажица маснотии
сув зачин
црн пипер
оригано
сол
За прелив:
3 јајца
300 мл јогурт
1 лажица пченкарно брашно

Подготовка:
Во подлабоко тавче ставете ја маснотијата да се загрее. Кромидот ситно се сечка и се става на загреаната маст. Додадете го меленото месо и кратко динстајте, мешајќи, додека месото не биде испржено. Додадете зачини.
Зеленчукот исечкајте го на коцки и додадете го во динстаното месо и продолжете со пржење додека зеленчукот не омекне. Потоа истурете го сокот од домати. Кога сè ќе зоврие, истурете ја смесата во подмачкан соодветен сад.
Јајцата се матат со јогурт и една лажица брашно и со смесата се прелива месото и зеленчукот. Се става да се пече во загреана рерна на 180 степени (со вклучен вентилатор), околу 30 минути.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Преподобен Киријак Отшелник

Преподобен Киријак Отшелник Роден е во Коринт од родителите Јован и Евдокија. Татко му беше …