(ВИДЕО) „Ареа“ ја промовираа „Јаве или сон“


Македонскиот рок состав „АРЕА“ во годината кога го слави јубилејот 30. години на сцената, наскоро на публиката ќе и го претстави својот најнов албум „Љубов е“.
Тие промовираа една од вкупно 11-те нумери кои ќе се најдат на нивниот седми по ред албум. „Јаве или сон“ е третата песна од овој албум која излегува како сингл. Претходно веќе беа промовирани „Ангелу мој“ и „Отсекогаш“. Спотот се снимаше кон крајот на мај а режијата му беше доверена на Александар Ристовски. Како што потенцираа од „АРЕА“, реализацијата на спотот била помогната од Ми-Мак – Гостивар.
Во продолжение уживајте во „Јаве или сон“ а наскоро и во преостанатите нумери од албумот „Љубов е“.


Фото: Принтскрин/YouTube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиерна изведба на театарската претстава „Деца на светот“ – Тажна Комедија која ја обработува емотивната тема за децата кои заминале во светот и нема да се вратат никогаш

Вечерва, со почеток во 20:00 часот, во Театарот „Антон Панов“ во Струмица, премиерно ќе биде …