(ВИДЕО) Се огласил и таткото на убиената снимателка – еве што вели за Алек Болдвин

ТАТКОТО на убиената снимателка Халин Хачинс за првпат јавно проговори по трагедијата што го снајде нивното семејство. Украинецот Анатолиј Андросович вели дека тој и неговото семејство се целосно уништени.
Сепак, тој не го обвинува Алек Болдвин за трагедијата.
„Сè уште не можеме да веруваме дека Халина е мртва. Нејзината мајка ќе полуди од тага. Сепак, не го сметам Алек Болдвин за одговорен. Одговорноста е на персоналот што ракува со реквизитите и оружјето“, рекол тој.


View this post on Instagram

A post shared by Halyna Hutchins (@halynahutchins)


Анатолиј рекол дека Болдвин бил во контакт со сопругот на Халина, Метју. Тој сега се бори да ги натера неговата сопруга Олга и ќерката Светлана да летаат во САД за да го утешат деветгодишниот син на Метју и Халина, Андрос.
„Малото момче е многу погодено – изгубено е без мајка му“, заклучил тој.


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Излет на село – „Цветници“

Денес на празникот Цветници со почеток во 11:00 часот, во организација на Здружение за локален …