БРИТАНСКИОТ кантавтор Ед Ширан е позитивен на корона вирусот, но тој ќе продолжи да настапува и да дава интервјуа од својот дом во Сафок.
Ширан на Инстаграм објави дека ќе биде во самоизолација, согласно насоките на британската влада.
– Им се извинувам на сите што ги изневерив, сите бидете безбедни – напишал Ширан.
Британскиот текстописец и кантавтор минатата недела настапи во Лондон за време на доделувањето на наградите Earthshot, наменети за оние кои се обидуваат да ја спасат планетата.
Наградите ги доделува Кралската фондација на војводата и војвотката од Кембриџ.
Фото: Принтскрин/Instagram