(ВИДЕО) Сара Мејс твори од карантин преку Facebook challenge

Уникатно, креативно и во свој стил, Сара Мејс во време на коронавирус издаде нова песна.

Песната тргна како музички мотив на харфа, која таа го објави на својот профил за време на изолација и предизвика еден од нејзините колеги музичари да отсвири бас линија врз нејзината тема. Музичарите продолжија да се предизвикуваат и до крај на денот тие стигнаа до дел од строфа која беше исто така објавена на Facebook.


Целосната песна ја имаме денес и се вика „Наше време”. Со неа и карантин видео – секој сниман во сосема домашни услови. Додека трае полицискиот час, во удобноста на домот се создава оригинална македонска музика, која со сигурност ќе го врати позитивниот дух кај секого.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден прославува нашиот познат оперски пејач Благој Нацоски

Благој Нацоски е роден на 18 мај 1979 година во Скопје. Тој е познат македонски …