Не е вакцина туку Хенк-цина:Глумецот со сопругата донирал плазма и крв за истражување

Том Хенкс и сопругата Рита Вилсон се вклучија во борбата против Ковид-19 откако откриле дека имаат антитела против коронавирусот кои можат да помогнат во развојот на вакцината.
Том Хенкс се надева дека може да помогне во борбата против коронавирусот, откако го победи Ковид-19, додека се подготвуваше да снима нов филм во Австралија.
Заедно со неговата сопруга Рита Вилсон, ѕвездата на филмот „Форест Гамп“ донирал крв и плазма за истражување на вакцина која ќе и стави крај на пандемијата.


Том и Рита се вратиле во Лос Анџелес кон крајот на март, откако биле ставени во карантин во Австралија неколку недели откако биле позитивни на тестирањето на корона вирусот.
Говорејќи во еден подкаст, актерот потврди дека имал пристап до медицински студии за да ја тестираат нивната крв и плазма со надеж дека ќе имаат план за запирање на пандемијата.
Том с епошегувал:„Сега ќе предадеме плазма и крв на сите кои работат на она што би сакал да го наречам Хенк-цина“.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 4 години без нашиот композитор, пејач и телевизиски водител Драган Вучиќ

Драган Вучиќ е роден во Скопје на 6 септември 1955 година. Тој беше познат македонски …