Надзорните камери на една зграда во Владивосток снимиле како огромен бетонски блок паднал од голема висина врз паркиран автомобил, чиј сопственик имал многу среќа.
Како што можете да видите, човекот го чистел автомобилот од снег и мраз, кога забележал дека нешто не е во ред. Видел дека нешто паѓа и брзо се оддалечил, а бетонската плоча целосно го смачкала автомобилот.
Според руските медиуми, тстанува збор за покрив на вентилациониот отвор што можел да се сруши под тежината на мразот, пренесува Life.ru.
Ноќите се многу студени во Владивосток, а во пресрет на овој инцидент паѓал леден дожд. Многу дрвја потоа биле паднати поради мраз, а имало и прекини во снабдувањето со електрична енергија и телекомуникации.