Славниот актер се здоби со повреди за време на снимањето на нов филм
Роберт Де Ниро бил примен во болница за време на снимањето на филмот во Оклахома. Актерот ја повредил ногата, но тој веднаш отишол во болница во Њујорк да се прегледа.
Според странските медиуми, не е познато за каква повреда станува збор и дали станува збор за сериозна повреда.
„Како и да е, Роберт ионака требаше да патува во Њујорк на две недели, така што нема да има одложувања во снимањето на филмот“, изјавил PR на актерот.
View this post on Instagram
ДеНиро моментално го снима филмот „Killers of the Flower Moon”, каде игра заедно со колегата Леонардо ДиКаприо.
Фото: Принтскрин/YouTube/New York Times Events