(ВИДЕО) РЕЦЕПТ ЗА ВКУСЕН КОЛАЧ: Се’ што ви треба се две јаболка и две јајца

Пробајте го рецептот за вкусен десерт…
Од кујната на баба ни доаѓа рецепт колач од неколку состојки.
Потребно е:
2 големи јаболка
50 гр путер
100 грама брашно
1/2 прашок за пециво
100 гр шеќер
2 јајца
малку цимет
кора од лимон
Подготовка:
Јајцата се матат со шеќерот, се додава брашното со прашокот за пециво, истопениот путер, кората од лимон и се’ се меша.
Јаболката исечкајте ги на коцки, намачкајте го плехот со масло и истурете половина од тестото, па додајте ги коцките јаболка со цимет.
Одозгора ставете го остатокот од тестото. Печете на 200 степени C 40 минути. Испечениот колач посипете го со шеќер во прав и ванилин шеќер. Уживајте!


Фото: Принтскрин/YouTube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува обрезанието на Господ Исус Христос

Обрезание на Господ Исус Христос Во осмиот ден по раѓањето Божествениот Младенец Го донесоа во …