Организаторите на Австралија опен му прават проблеми на Новак Ѓоковиќ веќе на самиот старт на турнирот…
Новак Ѓоковиќ би можел да западне во неволја на Австралија Опен уште пред првиот меч! Организаторите на Грен слем турнирот во Мелбурн го објавија и распоредот на натпреварите за вториот ден, односно за понеделник, а во него го нема името на најдобриот тенисер на сите времиња. Тоа значи и дека тој својот прв меч ќе го игра во вторник.
View this post on Instagram
Новинарот Мичал Самулски кој се наоѓа во Австралија го објави провизорниот распоред кој го добил од организаторите, а на него на натпреварите за понеделник се наоѓа името на Јаник Синер без Карлос Алкараз и Ѓоковиќ.
Немаше да биде таков проблем доколку, на пример, Хаиме Фарија (Португалија) и Павел Котов (Русија) не излегоа на теренот во неделата. Тој меч е важен за Србинот бидејќи победникот од тој дуел ќе игра против подобриот од мечот меѓу Ѓоковиќ и Нишес Басавареди. Во превод, тоа значи дека еден од двајцата ќе има уште неколку дена за одмор.
View this post on Instagram
натпреварите од долниот дел од ждрепката се играат во понеделник, потоа во среда и така натаму, што исто така значи дека е невозможно Новак да излезе на теренот во среда ако игра во вторник, па тоа би требало да значи дека, доколку тој ја оправдува улогата на фаворит, неговиот меч ќе го игра во четврток, а Котов или Фариа ќе завршат веќе во недела… Токму тоа беше прашањето што еден од новинарите му го постави на Самулски, како ќе играат Новак и Карлос во вторник, ако во среда треба повторно да бидат на терен во среда. „Очекувам дека ќе не информираат. Во моментов ова е информацијата која им е дадена на играчите“, изјавил Мичал.
The following matches will be played on Monday #AusOpen pic.twitter.com/vQ0j66D5Oz
— Michal Samulski (@MichalSamulski) January 10, 2025
Инаку, на прес-конференцијата за време на делот во кој зборуваше за Басавареди, Ѓоковиќ истакнал дека „со нетрпение го чека мечот што ќе го игра во понеделник“.
Фото: Принтскрин/Instagram