Интервјуто со Новак Ѓоковиќ кое вчера го објави австралискиот весник GQ предизвика бројни реакции, особено поради делот во кој најдобриот тенисер во историјата тврди дека се обиделе да го отрујат во Мелбурн во 2022 година.
Ова се случи среде скандалот кога беше уапсен и сместен во имиграциски центар, пред да биде депортиран од земјата затоа што не бил вакциниран против коронавирусот.
„Навистина ми се слоши, но откако поминаа неколку дена откако едноставниот вирус толку ме зафати, медицинскиот тим дојде да ме провери во мојот стан. Тоа се случи неколку пати, а потоа направив токсикологија. Кога се вратив дома имав здравствени проблеми и сфатив дека сум бил отруен со храна во тој хотел во Мелбурн.Ова ником,у не сум гокажал, но кога се вратив дома,во Србија открив високо ниво на тешки метали, Во себе имав високо ниво на олово и жива“, рекол Новак.
Денеска се одржа прес-конференција пред почетокот на Австралија опен, на која новинар го праша Ѓоковиќ:
„Дали имате доказ дека храната што ја примивте во хотелот „Парк“ предизвика високи нивоа на тешки метали во вашата крв?
„GQ вчера го објави интервјуто на интернет, а тоа беше направено пред неколку месеци. Би ценел доколку не морам да навлегувам во повеќе детали за тоа бидејќи сакам да се фокусирам на тенисот и зошто сум тука. Ако сакате да видите што кажав и да добиете повеќе информации за тоа, секогаш можете да се осврнете на тој напис, па и да го прочитате!“, одговорил Ѓоковиќ.
Фото: Принтскрин/Instagram