Кејт Мидлтон и принцот Вилијам имаат три деца
Британското кралско семејство е познато во целиот свет, а една од првите асоцијации со нив се – правила. Сите членови на ова семејство се однесуваат по точно утврдени, многу строги правила, а тоа важи и за децата, уште од најмала возраст.
За разлика од Меган Маркл, која го напушти кралското семејство токму поради многуте правила и притисоци кои повеќе не можеше да ги издржи, се чини дека идната кралица Кејт Мидлтон прифатила се што и било наметнато со влегувањето во најпознатото семејство на светот.
View this post on Instagram
Сепак, странските медиуми пишуваат дека Кејт би можела да ги прекрши правилата и традицијата, барем кога е во прашање изборот на факултет за нејзините деца.
Имено, извори за медиумите изјавиле дека наместо на престижниот колеџ „Итон“ во Беркшир, каде што се школувале принцовите Вилијам и Хари, нејзините три деца најверојатно ќе го посетуваат колеџот на кој таа студирала.
Принцовите Џорџ, Луис и принцезата Шарлот моментално одат во училиштето Ламбрук, каде децата се школуваат до 13 години, а според медиумите, после тоа најверојатно ќе одат на колеџот „Марлборо“, каде што одела и нивната мајка Кејт.
View this post on Instagram
Инаку, тоа е престижно приватно училиште на околу два часа возење од Лондон, основано во далечната 1843 година. Станува збор за училиште со богата традиција, но и бројни можности за академски и воннаставни активности, а акцентот е ставен на личниот развој.
Се разбира, школарината е доста висока – околу 42.000 до 45.000 британски фунти годишно, но тоа секако нема да биде проблем за кралското семејство.
Доколку Кејт Мидлтон одлучи да ја прекине традицијата, принцот Џорџ ќе биде првиот машки член на кралското семејство кој ќе го посетува колеџот „Марлборо“, каде што оделе и принцезата Јуџини, Пипа и Џејмс Мидлтон.
Фото: Принтскрин/Instagram