(ВИДЕО) Ноле за време на интервјуто покажал мистериозен предмет од кој не се разделува: „Ми го даде доктор од Србија“

Во интервју за магазинот GQ, Новак Ѓоковиќ, еден од најдобрите тенисери во светот, споделил детали за предметите кои го придружуваат низ кариерата и животот. Меѓу нив има семејни слики, книги, бројаници, но и иновативен енергетски диск кој станал дел од неговите рутини за опоравување и подготовка за натпревари.
Еден од најнеобичните предмети што Новак Ѓоковиќ ги носи со себе е енергетскиот диск кој создава електромагнетно поле и помага во регенерацијата на телото.
„Тешко ми е да го објаснам овој уред, но кога ќе го ставите на одреден дел од телото, како на желудникот, тој ги забрзува метаболичките процеси и го намалува воспалението“, објаснил Новак.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by GQ Sports (@gqsports)


Овој диск, според него, се користи за ослободување од физичкиот стрес и проблемите предизвикани од напорите за време на натпреварите.
„Често имам стомачни проблеми кога сум нервозен или под стрес, а дискот ми помага да се чувствувам подобро“, додал тој.


Дискот е дело на српски лекар и инженер кого Новак го познава, а се користи за време на летовите и во моментите кога му треба дополнителна енергија.

„Не треба да се држи предолго на телото, доволни се околу 20-30 минути. Тој си ја работи својата работа“, изјавил Ѓоковиќ.

Други важни предмети на Новак
Покрај енергетскиот диск, Новак се потпира на православен молитвеник, книги за родителство и свесно дишење, ѓердани со симболи на семејството и верата, како и специјално дизајнирани тениски чевли. Сите овие работи, вели тој, се дел од неговиот холистички пристап кон животот и кариерата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by GQ Sports (@gqsports)

„Моќта на универзумот е тука, овде и сега“, заклучил Новак, зборувајќи за симболиката на предметите што ги носи со себе, меѓу кои енергетскиот диск станал незаменлив дел од неговиот арсенал за постигнување врвни резултати.

Фото: Архива

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Оркестарот на Македонската филхармонија ќе одржи концерт во „Златната сала“ на една од најзначајните светски концертни сцени „Музикферајн“ во Виена

Оркестарот на Македонската филхармонија на 28 октомври ќе одржи концерт во „Златната сала“ на една …