ИСПОВЕД НА ПОЗНАТА ВОДИТЕЛКА: Родила три деца со аутизам, а потоа и неа и поставиле дијагноза – „Плачев како дожд“

Водителката и модел претходно објави дека нејзините близнаци и најмладата ќерка имаат аутизам.
Презентерката и модел Кристина Мекгинис е мајка на три деца со аутизам. За тешкото пораснување и злоупотребата што ги доживеала таа проговорила во својата автобиографија, од која во ексклузивен извадок открила дека и самата има аутизам. Таа објаснила како и бил дијагностициран аутизам како возрасна.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by Christine McGuinness (@mrscmcguinness)


Кристин е во брак со ТВ водителот Педи Мекгинис, а ги имаат седумгодишните близнаци Лео и Пенелопе, како и петгодишната ќерка Фелисити.
– Потврдена ми е дијагнозата на аутизам. Беше чудно, но во текот на мојот живот забележав мали знаци дека нешто не е во ред. Моите проблеми со храната, моите социјални тешкотии, моите обиди да бидам комуникативна и фокусирана и мојата неодлучност. Начинот на кој „пливам“ низ животот ме потсетува на однесувањето на ќерка ми. Јас сум повеќе слична на моите деца отколку што можев да замислам – напишала таа во книгата „Прекрасен кошмар“.
– Не сум изненадена. Дијагнозата ја добив во август. Јас и Педи бевме поканети во Кембриџ да се сретнеме со најголемиот експерт, Сер Сајмон Барон-Коен. И двајцата пополнивме тест, прашалник наречен „AQ“ кој се однесува на симптомите на аутизмот – опишала Кристин.


– Невротипните луѓе би добиле оценка до 15, а за да се потврди дека имаат аутизам, треба да имате висока оценка. Скалата оди до 50, мојот резултат беше 36 – напишала водителката.
– Не само што сум аутист, туку и високо на спектарот, тоа го потврди Сер Барон-Коен. Плачев како дожд кога ја напуштив ординацијата. Од олеснување, но и од тага за моето помладо јас. Поради омраза кон училиштето што го напуштив, поради неразбирање на наставниците и пријателите. Кога му кажав на мојот сопруг дека сум аутист, тој ми кажа само едно. Дека со години се сомневал, но никогаш не помислил да ми каже. Но, тој ги забележуваше знаците. Дека сум поинаква. Дека понекогаш ми треба толку долго да изберам помеѓу две кошули, што тој се фрустрира што не излегов, бидејќи ми е тешко да се справувам со луѓето и со реалниот свет.

-Јас сум најдобрата верзија од себе кога сум со моите деца. И тоа е веројатно поради нашиот аутизам. Седиме дома четворица, а понекогаш не ни зборуваме – напишала Кристин.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Јод“ – новиот роман од Снежана Младеновска Анѓелков наскоро во издание на Или-Или

Издавачка куќа Или-Или со радост го најавува излегувањето од печат на новиот роман од Снежана …