Многумина сметаат дека неговата реакција била неприфатлива
Откривањето на полот на бебето стана популарно ширум светот, особено снимањето на реакцијата на идните татковци. Една од тие снимки, која стана хит на социјалната мрежа TikTok, е прегледана 27 милиони пати.
Идните родители ги собрале семејството и пријателите на бејзбол теренот, каде што идниот татко удрил во импровизираната топка фрлена од неговата сопруга. Кога од неа излегла сина пудра, станало јасно дека очекуваат син.
Во тој момент сопругата му притрчала, а тој направил нешто што многумина не го очекувале – потрчал во прегратките на другарите кои викале и скокале од радост.
@hannah.j.c16 We’re sooo ready to meet you💙💙 @travisgober ♬ Boy – Lee Brice
Идната мајка која го објавила овој клип се соочила со многу негативни коментари поради реакцијата на нејзиниот партнер. Многумина го сметаа за непримерен и невоспитан, а таа истакнала дека тоа не ја погодило. Како што вели, најважно и е бебето да е живо и здраво.
Што мислите, дали неговиот потег е за осуда?
Фото: Принтскрин/TikTok/jesszautsen/hannah.j.c16